ОН: Поради короната занемарена е туберкулозата, милиони останаа без терапија
Големо е влијанието на пандемијата од корона вирус, а намалениот број здравствени работници кои работат со други болни се одрази врз лекувањето на туберкулозата, па во 2020 година 4,4 милиони луѓе повече останаа без соодветна терапија за таа болест, предупреди здружението поврзано со Обединетите нации, Стоп ТБ партнершип.
Занемарувањето на случаите со туберкулоза значи речиси сигурна смрт за веројатно половиа од тој број луѓе, наведува здружението.
Тие предупредија уште во март дека поради локдаунот спречен е пристапот до дијагностицирање и лекување туберкулоза, што предузвика драстичен пад во грижата за тие болни. Особено тоа се однесува на девет земји каде туберкулозата е честа болест, како Индија и индонезија, земји кои се второ и четврто место по бројот на жители.
Помалку дијагнози со туберкулоза
Луциа Дитиу, извршна дирекотрка на здружението, тврди дека 50 отсто од преживеаните со туберкулоза „нема само да страдаат од последиците од болеста, туку ќе ја пренесуваат болеста на други“.
Заради фокусираноста исклучиво само на корона вирусот досега годинава се дијагностицирани 1,2 милиони случи помалку во однос на 2019 година, кога од таа болест починаа 2,4 милиони луѓе, односно 4.000 дневно, што е повеќе од бројот починати од маларија и ХИВ/СИДА, заедно.
Секоја година во светот од туберкулоза се разболуваат околу 10 милиони луѓе. Туберкулозата е респираторно заболување предизвикано од бактерија и за неа има лек. Во 2019 година од 10 заболени, седум примиле адекватна терапија и добиле соодветна лекарска нега.
Стоп ТБ партнершип истакнува дека издвојувањето средства за спреување и лекување на туберкулозата мора двојно да се зголеми ако се сака таа болест да се искорени до 2030 година, што е цел која си ја зададоа Обединетите нации.