Охрид годинава очекува дупло повеќе туристи со директните летови од Белград и од Измир


Фото: Б. Грданоски

Со воведувањето директен лет Охрид-Белград на „Ер Србија“ 4 пати неделно од јуни, се очекува да се остварат дупло повеќе ноќевања на српските туристи чиј број лани беше зголемен за 40 проценти. Ќе има и чартер лет Охрид-Измир.

Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) велат дека со новите авиолинии од охридскиот аеродром ќе се лета по ниски цени.

Оваа година се очекува зголемување на бројот на туристи и од европските и азиските земји, како и повеќе кружни тури на Балканот во кои е вклучен и Охрид.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на почетокот од годинава започна и медиумска промоција во примарните туристички пазари за зголемување на видливоста за македонскиот туризам. Како што велат, активно се работи на медиумски туристички кампањи во Полска, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Турција.