Одбил 200.000 евра од државата, сега куќата му е на сред автопат
Од кинескиот град Џинкси доаѓа приказна која го привлече светското внимание.
Во текот на подготовките за изградба на новиот автопат, властите на сопственикот на една куќа Хуанг Пинг му понудиле компензација од над 200.000 евра да го напушти својот дом кој се наоѓа на трасата на патот. Сепак, Пинг ја одбил понудата, па инженерите ги смениле плановите – автопатот сега му се движи околу куќата!
Двокатницата во која живее постар човек со својот 11-годишен внук, сега е буквално опкружена со градилиште. Покривот на куќата е речиси израмнет со новиот пат, додека секојдневната прашина и вибрации станаа дел од животот на ова семејство.
Сопственикот признава дека поголемиот дел од времето го поминува во градот за да ги избегне непријатностите од изградбата. Но, сега жали што не ја прифатил владината понуда.
family turns down $50M from developer who built suburb around their home pic.twitter.com/7RWvx26KUW
— non aesthetic things (@PicturesFoIder) January 8, 2025
– Кога би можел да го вратам времето, би ја прифатил понудата. Вака ми се чини дека изгубив голем облог. Жал ми е – изјави Пинг за Дејли Меил.
Слични ситуации не се невообичаени во Кина, каде што брзиот развој на инфраструктурата често се судира со традицијата и сопствениците кои одбиваат да ги продадат своите домови.
‘I do regret it a bit’: Grandfather has a motorway built AROUND his house after turning down £180,000 compensation package https://t.co/NLlpiBGkPy pic.twitter.com/1jFPeF0EJv
— Daily Mail Online (@MailOnline) January 24, 2025
Таквите куќи, познати како „тврдоглави куќи“, станаа симбол на борбата меѓу поединците и модернизацијата.
Случајот на Хуанг Пинг предизвика дебата на социјалните мрежи. Некои го поддржуваат, нарекувајќи го симбол на отпорот, додека други мислат дека ја потрошил шансата за подобар живот.