ОБСЕ нема да испрати набљудувачи на изборите во Русија, Москва наметна ограничувања
ОБСЕ нема да испрати набљудувачи за претстојните избори за руската Дума поради ограничувањата што ги наметнаа властите на Руската Федерација за набудување на изборите, соопштија ОБСЕ/ОДИХР. Ова е прв пат од 1993 година ОБСЕ да не испраќа набљудувачи во Русија.
„Многу жалиме што набљудувањето на претстојните избори во Русија нема да биде можно“, рече директорот на ОДИХР, Матео Мекачи. „Но, способноста самостојно да го одредиме бројот на набудувачи неопходни за ефикасно и веродостојно да набудуваме е од суштинско значење за сите меѓународни набудувања. Инсистирањето на руските власти да го ограничат бројот на набудувачи што би можеле да ги испратиме без никакви јасни ограничувања поврзани со пандемијата, за жал го направи овој чекор неизбежен“, рече тој.
Двете институции беа поканети да го набудуваат гласањето закажано за 17-19 септември, но да испратат само 50 и 10 набљудувачи во големата земја. Руските власти ја наведоа санитарно-епидемиолошката состојба во Руската Федерација како причина за ограничувањата. Во моментов, се чини дека никакви ограничувања за влез поврзани со пандемија или правила за работа и движење во земјата не го спречуваат распоредувањето на целосна набљудувачка мисија на изборите во согласност со првичната проценка на ОДИХР.