Обид за киднапирање во центарот на Париз: Се обидоа да ја одвлечат ќерката на моќник во комбе, ја спаси сопругот


 

Ќерката на извршниот директор на платформа за купување криптовалути избегна застрашувачки обид за киднапирање во Париз во вторникот.

Инцидентот, кој се случил во 8:20 часот наутро по локално време на улицата „Паш“, бил снимен со камера монтирана на блиска зграда и на него се гледаат тројца мажи како се обидуваат на сила да внесат жена во комбе.

Според извештаите, киднаперите се обиделе да киднапираат 34-годишна жена и нејзиното двегодишно дете и да ги внесат во комбе, пишува францускиот весник „Ле Паризиен“.

Тројцата киднапери, кои носеле маски, биле спречени во нивниот обид поради храбрата интервенција на сопругот на жената. Мажот ѝ притрчал на помош на сопругата, впуштајќи се во жестока борба со напаѓачите, од кои еден наводно испуштил пиштол.
Киднаперите биле принудени да се повлечат во своето возило и да си заминат со празни раце.

Возилото на киднаперот подоцна беше пронајдено напуштено на улица во истата општина.

Канцеларијата на парискиот обвинител побара покренување кривична истрага за инцидентот.

Голем број инвеститори поврзани со криптовалути беа киднапирани во Франција во последните недели, што ја поттикна француската полиција да започне истрага.