Новото раководство на СДСМ ќе се избере идната недела


Централен одбор на кој новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски планира да го избере новото раководство на партијата се очекува да се одржи кон крајот на следната недела. Ковачевски, според информациите на ТВ 24 се среќава со функционерите во раководството што се во оставка. Интересно е што иако нема партиска функција на агендата на  Ковачевски е и средба со екс заменичката на Заев во СДСМ и актуелна  министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.Ковачевски  изјави  дека дел ќе останат, а дел ќе бидат сменети.

Новиот лидер на СДСМ уште синоќа по преземањето и официјално се сретнал со генералниот  секретар во најава Миле Зечевиќ.Се очекува во раководството на СДСМ да останат Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи. Додека за Венко Филипче, Оливер Спасовски и Мила Царовска најверојатно ќе има замена.Се најавува дека еден од градоначалниците на СДСМ ќе биде избран за потпретседател.

Филипче пак откако остана без министерската фотелја поради договорот со Алтернатива, според информациите на ТВ 24 му кажал на Ковачевски дека не е заинтересиран за функција ниту во партијата  ниту во Владата.

Заминувањето на Мила Царовска и од раководството и од Владата е извесно, додека пак за Оливер Спасовски според информациите допрва ќе треба Ковачевски да пресече за министерската фотелја, како и за Љупчо Николовски.

Новиот организациски секретар ќе се бира во консулатација со новиот генерален секретар Зечевиќ.