Новопримените полицајци ќе му ја пејат “Заветна” на Тошкоски


За промоцијата на новата генерација полицајци се подготвува изведба на „Заветна“ – неформална химна на владеачката ВМРО ДПМНЕ, пишува „Либертас“.

„Заветна“ ечеше на секој предизборен митинг на партијата на Мицкоски и практично сите прослави што ги организираат почнуваат со неа. Кога станува збор за полицијата сепак тоа е дефиниција за политизација, што е недозволиво во јавната администрација воопшто а уште помалку во безбедносниот сервис. ВМРО-ДПМНЕ практично ја смени и коледарската песна во Македонија како покровител на повеќе Бадникови поворки на кои се пееше нешто што не е втемелено во македонската традиција.   

Инаку, пред 33 години Пепи Бафтировски прв ја испеа и ја стави на носач на звук, но, автори на песната „Заветна“ се Миле Барбаровски (музика и аранжман) и Георги Барбаровски (текст).