Новогодишно „Да“: Битолчанецот Борис ја запроси Николина на Пелистер на ски ценарот Стрежево


БИТОЛА – Битолчанецот Борис ја запроси за жена својата љубов Николина, на Нова година во Ски центарот Нижеполе на ЈП „Стрежево“ Битола!

Борис се реши својата љубов да ја изненади и да и подари веренички прстен токму на планинскиот убавец Пелистер, во првите моменти од новата 2025 година! Од Николина доби потврден одговор.

За изненадување на приститните гости во ски ценарот, Борис на големо платно напишал „Омажи се за мене“.

Транспарентот и денеска остана пред ски стазата Нижеполе, на очиглед на скијачите и посетителите. (А.Б)