Новинарите жртви на вонредните состојби во Европа


Од почетокот на здравствената криза COVID-19, многу земји-членки на ЕУ и земји-кандидатки воведоа вонредни состојби и уредби за итни случаи.Некои од овие мерки неизбежно влијаат  врз слободата на печатот и внесуваат заострена контрола врз протокот на информации.

Меѓународниот прес институт меѓу нив забележа многу  непропорционални мерки,а  особено прекумерно регулирање на дезинформациите, ограничувања за пристапот до информации, вербални и физички напади кои ја загрозуваат безбедноста на новинарите и  закани од надзор и нарушување на приватност.

Некои од овие мерки предизвикуваат загриженост бидејќи можат да бидат продолжени долго по завршувањето на здравствената криза.

Најлошите прекршувања се случија во Унгарија, Србија и во Турција, каде слободата на медиумите веќе беше нападната. Сепак, регистрирани се прекршувања и во многу други земји, како Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Шпанија, Хрватска, Германија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Унгарија

На 30 март унгарскиот парламент донесе закон за вонредна состојба и за пренесување нови овластувања на премиерот Виктор Орбан на неодредено владеење. Новиот закон исто така го криминализира ширењето на „лажни“ или „искривени“ информации што ја поткопуваат борбата на властите против ковид-19 со парични казни и до пет години затвор. Законот беше остро критикуван од групите за слобода на печатот, кои рекоа дека претставува чекор кон целосна контрола на информациите и натамошно задушување на слободата на печатот во земјата.

Бугарија

Во Бугарија, владата ја користеше вонредната уредба за да се обиде да го измени казнениот законик и да воведе затворски казни за ширење на она што го сметаше за „лажни вести“ со казна до три години затвор или до 5.000 евра. Тој дел од указот беше дочекан со вето од претседателот, но друг закон беше доставен до парламентот од страна на  владејачката коалиција на 19 април, кој доколку биде усвоен, ќе им даде на властите поголеми овластувања да ги суспендираат веб-страниците за ширење „интернет дезинформации“ – проширување на обемот на законот далеку над непосредната здравствена криза.

Владата, исто така, го удвои временскиот рок до кога јавните институции и органи треба да одговорат на барањата за слобода на информации од 30 на 60 дена.На полициските сили им е дадена моќ да побараат податоци од мобилните телефони претходно судско овластување, предизвикувајќи грижа за приватноста и надзорот.

Романија

На 16 март претседателот на Романија потпиша Уредба за вонредна состојба со која, меѓу другите мерки, им се дава можност на надлежните власти да отстранат извештаи или да затворат веб-страници што шират „лажни вести“ за вирусот, без можност за жалба.

Со законот  за вонредни состојби исто така се удвои временскиот рок до кога треба да се одговори на барањата за слободен пристап до нформации од 30 на 60 дена. Оттогаш, медиумите објавија дека локалните институции одбивале да даваат информации, повикувајќи се на новите правила.

Италија

На 23 март, новинар и снимател што работи за едицијата „Ливорно“ на италијанскиот регионален весник „Или Тирено“ (Тирхенијан) беа изложени на навреди и нападнати со метална шипка додека известуваа за животот во ситуација на мерки против корона вирусот.

На 25 март, фоторепортер кој работи за италијанскиот весник „Ла Стампа“ беше опкружен од толпа и  малтретиран, додека документираше протест за ограничувањата околу корона вирусот на локалниот пазар во Торино.

Новинарот на Ла Република, Салво Палазоло, се соочи со постојани закани откако на 8 април напиша статија како  мафијата ја употребува криза со корона вирусот за зголемување на нејзиното  влијание во одредени области на Палермо.

На 2 април, портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал мајор Игор Конашенков, предизвика напад врз  слободата на печатот, откако јавно го критикуваше италијанскиот весник „Ла Стампа“ и издаде прекриена закана против нејзиниот известувач за написот околу руската помош за справување со епидемијата, што доведе до осуда од италијанските новинари и властите.

Словенија

Словенечкиот истражувачки новинар Блаж Грага е мета на кампања со говор на омраза поттикната од владата и провладина телевизија за поднесување службено барање за слобода на информација до надлежните органи во Љубљана околу постапувањето на владата во врска со кризата со ковид-19.

Шпанија

Шпанската влада се соочи со силни критики од неколку стотици новинари и неколку од водечките весници на земјата во однос на воспоставениот систем како медиумите да поставуваат прашања за време на прес-конференции. Медиумите го осудија, како што тврдат, рестриктивниот формат на испрашување, во кој прашањата беа напишани однапред и претходно избрани од владата. Како резултат на тоа воведен беше нов систем кој им дозволуваше прашања на новинарите во комуникација во живо и без посредници.

Хрватска

Хрватската новинарка Живана Чушак Живковиќ од порталот „Далматински“ беше нападната и повредена од група верници додека известуваше за велигденската миса кај градот Сплит што се одржуваше нелегално и покрај мерките за ковид-19.

Германија

Германската влада воведе  контроверзни мерки кои им дадоа на властите дозвола да анализираат збирни и податоци од анонимни локации со цел да се следи ширењето на ковид-19, предизвикувајќи загриженост меѓу групите за правата во врска со приватноста и надзорот.

Турција

На 20 март новинарите Мустафа Ахмет Октај и Ерен Саркакаја од весникот „Халк“ со седиште во Бартин и весникот „Пусла“ беа приведени во врска со извештај за ширењето на ковид-19.

На 25 март, новинарот Тугај Кан беше обвинет за „создавање страв и паника кај јавноста“ со покривањето на вестите од коронавирусот.

На 31 март курдскиот новинар, писател и активист Нурчан Бајсал беше повикан од полицијата за да сведочи за споделување на писмата на затворениците и за два написи за пандемијата.

На 31 март, Октај Кандемир, локален новинар за Ван Хабердар, беше повикан да сведочи за своите објавувања на социјалните мрежи за ширењето на ковид-19 во регионот.

На 31 март беше отворена полициска истрага против дописникот на новинската агенција Месопотамија, Ахмет Канбал, кој беше обвинет за „поттикнување омраза и непријателство“ во извештајот за безбедносните мерки околу корона вирусот во болница.

На 3 април, Хакан Ајгун, турски новинар ветеран, кој порано го водеше строго анти-Ердоган телевизискиот канал „Халк ТВ“, беше уапсен за поттикнување омраза со објавување на социјалните мрежи, бидејќи ја омаловажуваше кампањата на претседателот Ердоган за собирање средства за жртвите од короната.

Високиот совет на радио и телевизија (РТÜК) издаде забрани за емитување на телевизијата Фокс за три денапоради критичните коментари на Фатих Портакал околу политиките на државата  за ковид 19. Фокс ТВ исто така е казнета со 3 отсто од приходите од рекламирање.

На 13 април, парламентот донесе законодавство со кое се дозволува рано ослободување на 90.000 затвореници со закон со кој се исклучени осудените за злосторства поврзани со тероризам. Овој  закон беше искористен за да се затворат околу 50 новинари за нивното критичко пишување.

Србија

Во Србија, владата првично издаде декрет со кој се забрануваше на  локалните институции да објавуваат информации за медиуми за појавата на корона вирусот, ако не биле „овластени“ од властите во Белград. Директивата, која подоцна беше обратна, беше делумно одговорна за апсењето на први април на српската новинарка Ана Лалиќ од порталот за мрежни вести Нова.рс, кој пишуваше за условите за вработените кои се справуваат со ковид -19 во градска болница.

По нејзиното ослободување, Лалиќ доби неколку сериозни закани, повици за гонење од провладини медиуми и беше предмет на организирана кампања на говор на омраза, при што беше нарекувана непријател на државата.

На 26 март беше уапсена  ТВ-екипа на КТВ станицата, бидејќи  наводно не се подложила на задолжителна дезинфекција, додека се обидувала да влезе во административна зграда за да направи  интервју за продажба на земјиште во време на затворање на државата поради епидемијата.

На новинарите во Србија исто така  им е забрането да присуствуваат на дневните прес-конференции за ковид-19 од страна на владата. Медиумите можат да доставуваат прашања само преку е-пошта, наместо преку видео повик, без да се дозволени дополнителни прашања. Други новинари го критикуваа недостатокот на пристап до информации од министрите и здравствените работници. Роковите за добивање одговор за слободен пристап до информации исто така  беа прекинати за време на вонредната состојба.

Албанија

На 23 март, албанскиот премиер им испрати на граѓаните наметлива говорна порака преку Водафон, советувајќи ги да ги мијат рацете од корона вирусот и „да се заштитат од медиумите“.

На 23 март, новинарот на „Ора њуз“, Елио Лазе, беше нападнат од агресивен работник од приватна градежна компанија бидејќи снимал како го кршат полицискиот час.

Босна и Херцеговина

На 19 март, владата на Република Српска воведе казни и други казнени мерки за ширење „лажни вести“ во медиумите и на социјалните мрежи.