Новата шефица на бугарската дипломатија имала клучна улога за „францускиот предлог“


Новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова – Чамова, имала клучна улога во одобрувањето на преговарачката рамка предложена од француското претседателство со Советот на ЕУ во јуни 2022 година, што му го отвори патот на Скопјето кон членство во ЕУ, објави репортерот на БГНЕС.

Какоа заменик-министер за надворешни работи во кабинетот на Кирил Петков, Велислава Петрова – Чамова учествувала во сите подготвителни преговори, дополнувања и подготовка на конечната верзија на т.н. „францускиот предлог“, кој ги премести билатералните спорови на европско ниво. Во тоа време, самиот Петков јавно призна дека не го прочитал документот и целосно им верувал на експертите во бугарското Министерство за надворешни работи.

Според постигнатиот договор, Македонија се обврзува да ги вклучи Бугарите во својот основен закон на рамноправна основа со другите народи и да го спроведе Договорот за пријателство од 2017 година, што е дел од процесот на следење на ЕУ. Бугарија го признава постоењето на современиот македонски јазик како што е формулиран во уставот на Македонија. Во исто време, властите во Скопјe се должни да стават крај на јазикот на омраза, како и да ги декласифицираат досиејата на тајната служба од времето на Југославија.