Изборот на Петер Маѓар во Унгарија инспирација за „Голема Бугарија“


Лидерот на опозицијата , Петер Маѓар

Бугарскиот портал БГНЕС објави текст од свој редовен колумнист во кој , повикувајќи се на првите политички потези на новоименуваниот унгарски премиер Петер Маѓар , ги оживува соништата за „Голема Бугарија“. Повод е веста дека Маѓар, набргу  по неговата изборна победа,  се сретна со претседателот на Унгарците од Војводина, Виктор Пастор, и изјави дека нивните сонародници таму секогаш можат да сметаат на поддршката од Будимпешта.

„Анализа во еден европски медиум тврди дека „… Унгарското општество сè уште не ја надминало целосно траумата од Тријанон, иако поминале повеќе од сто години од трагичниот Тријанонски мировен договор за Унгарците на крајот од Првата светска војна… И продолжува: … Надвор од „Тријанонската (денешна) Унгарија, милиони Унгарци останаа во соседните земји (Србија, Романија, Словачка, Украина)…“, пишува авторот на текстот за БГНЕС, кој натаму со образложението има основа да подпадне во рамките на забраната за говор на омраза и територијални закани кон Македонија.   

„Она што навистина ни е заедничко нам и на Унгарците се неправедните договори – за нив Тријанонот, за нас Нејскиот диктат, преку кој илјадници наши сонародници кои останаа во Романија, Србија, Грција и Турција беа подложени на сурова асимилација и протерување.

Во бугарското општество, темата за Бугарите кои останаа надвор од нашите државни граници не постои. Од 1944 година до денес, ова е „табу“ тема.И покрај етикетата „демократи“ со која се закитија разни партиски формации – десничарски, левичарски, центристички, бранители на човековите права и што уште не 1989 година, тие не проговорија ниту збор за нашите сонародници што останаа надвор од Бугарија, дури ни со Санстефанскиот прелиминарен протокол, со одлуките на Берлинскиот конгрес и последователните договори од Букурешт – 1913 и Неји 1919 година.

Весниците во Кнежевството Бугарија и во Источна Румелија, што ги читаме денес, нè тераат да сочувствуваме со нивната трагична судбина. Весникот „Целокопна Бугарија“ е особен одзив во овој поглед. Содржи трогателни писма од Тулча и Ќустења, од Лозенград и Одрин, од цела Македонија, од Пирот и Ниш со плачот на нашите браќа и сестри, подложени на немилосрдна морална, духовна и национална трансформација…“, пишува авторот. 

Текстот оди и подалеку од Македонија и присвојува територии во Грција. 

„Уништувањето на организацијата Бугарски човекови права во Македонија, Воден, Грција е потврда за затапениот инстинкт за национално самоодржување на целото наше политичко и државно раководство по 1989 година. Оваа бугарска организација постоеше повеќе од десет години под нечовечки отворен и подмолен терор, иако беше регистрирана по одлука на Судот за човекови права во Стразбур во 2001 година. Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, категорично застана зад Унгарците во Војводина. Дали премиерот Румен Радев ќе ги охрабри нашите страдални сонародници од Западните предградија со зборовите: „Секогаш можете да сметате на поддршка од Софија?!“-пишува БГНЕС.