Новата операција во Газа е „смртна казна“ за заложниците, предупредуваат нивните роднини

Новата операција во Појасот Газа, за која израелскиот кабинет донесе одлука денеска, е „смртна пресуда“ за заложниците кои остануваат во заробеништво на палестинската територија, предупредија нивните роднини, цитирани од ДПА.
Форумот на семејствата на заложниците соопшти дека одлуката на израелскиот кабинет за операцијата во Газа е официјална потврда дека заложниците ќе бидат оставени, и ќе доведе до „колосална катастрофа“ за израелските војници и политичкото раководство.
Според проценката на израелските власти, во Газа остануваат 50 заложници, од кои за 20 се верува дека се живи.
Војната во Појасот Газа беше предизвикана од нападот врз палестинската исламистичка организација „Хамас“ против Израел на 7 октомври 2023 година, за време на кој беа убиени 1.200 луѓе, а 250 беа киднапирани, потсетува ДПА.
Според здравствените власти во Газа, која е под контрола на „Хамас“, повеќе од 60.000 Палестинци се убиени од Израел од почетокот на конфликтот. Овие статистички податоци не прават разлика меѓу цивили и борци, но се сметаат за веродостојни од ОН и други организации, посочува ДПА.