(Видео) Новак Ѓоковиќ повторно е во притвор со други имигранти

Конечното судење на светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, ќе се одржи во сабота навечер во Федералниот суд


Откако министерот Алекс Хоук му ја укина визата, светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ започна нова правна битка пред Федералниот суд.

Ѓоковиќ, додека го чека финалното судење, е во притвор, но не на тајна локација, туку во хотелот за имиграција каде што првично беше приведен.

На воведното рочиште неговите адвокати изразија желба конечното судење да се одржи пред тричлениот совет од судии, на што жестоко се спротивстави адвокатот што ја застапува австралиската влада.
По добивањето на сите документи, судијата Калахан ќе одлучи како ќе се одвива судењето, но засега е сосема извесно дека завршното судење ќе се одржи ноќта од сабота кон недела.

Сето тоа треба да започне околу 23.30 часот по Средноевропско време или околу 9.30 часот по локално време.

Иако сите веруваа дека Новак Ѓоковиќ ќе биде одведен на тајна локација за да се избегне медиумскиот циркус, тоа не е така. Српскиот тенисер бил однесен во хотелот за имигранти, хотел Карлтон Парк, каде го чекаше и првото судење, пишува The Age.