Новак Ѓоковиќ и Циципас приредија шоу на улица, минувачите воодушевени (фото)


Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои рекордната шеста титула на Индијан Велс и на тој начин да му „побегне“ на Роџер Федерер, кој има исто толку титули на овој турнир.

Со оглед на тоа што Новак порано дојде во САД, а сè уште нема одиграно ниту еден официјален натпревар, Ѓоковиќ ова го искористи за да ужива со семејството и другите колеги тенисери покрај тренинзите.

Така во еден момент бил со Стефанос Циципас, кого со количка го возел до продавницата и ги оставил воодушевени минувачите кои сакале да се фотографираат. И успеаја во тоа.

Ѓоковиќ во сабота ќе го одигра третиот последователен натпревар, а натпреварот не се очекува да започне пред 23:30 часот по средноевропско време.