Нова заплена на кокаин, повторно уапсени Црногорци, овојпат во Чиле


Полицијата во Чиле, во градот Виња дел Мар, заплени повеќе од 100 килограми кокаин, на бродот на кој се наоѓале пет морнари од Црна Гора.

Според сознанијата на „Борба“, морнарите се јавиле на своите семејства во Црна Гора, а во моментов се во домашен притвор во споменатиот град, додека истрагата не биде завршена.

Двајца морнари се од Херцег Нови, а тројца од Бар, наведува „Борба“.

Бродот на странската компанија требало да исплови од пристаништето во тој град кон Европа. Првата дестинација му била Шпанија.

Се испитува дали оваа пратка има поврзаност со неодамнешната заплена на повеќе од 18 тони кокаин во САД, со која исто така се поврзани црногорски морнари.

Акцијата во Виња дел Мар е изведена пред неколку дена, кога бродот требало да тргне од тоа пристаниште.