Нова студија открива: Како пиењето пиво може да ви помогне да ослабнете?
Луѓето можат да пијат пиво, а сепак да ослабат, тврдат научниците во новото истражување, но само ако со алкохолот грицкаат храна богата со протеини како јаткастите плодови.
Познато е дека алкохолот го зголемува апетитот, но протеините заситуваат, па луѓето јадат помалку.
Студијата покажала дека оние кои грицкале храна богата со протеини со пиво, вкупно внеле помалку калории во споредба со оние кои јаделе масни производи.
Во студијата, две третини од учесниците избрале храна богата со протеини, но ниска со јаглени хидрати и масти.
Тие консумирале во просек 1.749 калории дневно – вклучувајќи ги и оние од алкохол. Тоа било 577 калории помалку од она што е потребно за одржување на моменталната тежина.
Другата третина избрала солена храна со ниска содржина на протеини како што се колбаси, чипс и бисквити и консумирала во просек 3.051 калории – 813 повеќе од потребното.
Водечката авторка на студијата, д-р Аманда Греч од австралискиот универзитет во Сиднеј вели:
„Сакавме да откриеме дали луѓето избираат солена храна со поголема содржина на протеини кога пијат алкохол, и ако го прават тоа, дали нивниот ефект на ситост води до помалку калории во целина“.
Најновата студија е првата која ги земала предвид другите компоненти на исхраната. Наодите се засноваат на 9.341 лице од Австралиското национално истражување за исхрана и физичка активност.
Д-р Греч додала: „Кога консумирате алкохол и ви е зголемен апетитот, погрижете се да изберете погрижете се да изберете поздрави посни протеини“.