Ни Ѓоковиќ ни Алкараз, навивачите најмногу го сакаат Синер


 

Јаник Синер е омилениот играч на фановите на турот, објави АТП на својата официјална веб-страница. Интересно е што зад себе ги остави и Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас.

Италијанецот оваа година освои четири титули, вклучувајќи го и турнирот од Мастерс серијата во Торонто. На крајот на сезоната, тој ја предводеше Италија до првиот Дејвис куп од 1976 година.

Интересно е што Синер е кандидат за уште две награди за кои одлучуваат играчите: тенисерот кој најмногу напредувал и „Стефан Едберг“ кој се доделува на играчот кој најмногу го почитувал фер-плејот.

Роџер Федерер ја освојуваше наградата на навивачи 19 последователни години. Оваа награда за прв пат ја доби Рафаел Надал минатата година, а сега го наследи Синер.