НБА: Победи на ЛА Лејкерс и на Хјустон, кој ќе обезбеди подобро место во плеј-офот


Борбата за подобро место во плејофот во НБА лигата во западна конференција продолжува до самиот крај, а остануваат да се одиграат уште два натпревара. Денвер е на третото место со 52-28 (победи-порази), односно една победа повеќе од Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон, кои имаат 51-29. Двете екипи се борат за четвртото место, а доколку имаат ист биланс ЛА Лејкерс ќе ја имаат предноста на домашен терен во меѓусебната пресметка.

На синоќешните дуели ЛА Лејкерс постигнаа победа над Голден Стејт со 119:103, додека Хјустон – Филаделфија 113:102. „Езерџиите“ настапија без повредените Лука Дончиќ и Остин Ривс. Најдобар поединец беше Леброн Џејмс со 26 поени, 8 скокови и 11 асистенции.

Резултати на ноќешните дуели: Торонто – Мајами 128:114, Вашингтон – Чикаго 108:119, Бруклин – Индијана 94:123, Њујорк – Бостон 112:106, Хјустон – Филаделфија 113:102 и Голден Стејт – ЛА Лејкерс 103:119.

До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат да се одиграат уште 30 натпревари.