Навивачи претепале до смрт фудбалски судија во Салвадор


Салвадорски фудбалски судија е претепан до смрт од фудбалски навивачи и играчи за време на натпревар одигран во главниот град на државата Сан Салвадор.

Судијата Хозе Амолдо Амаја (63) го загубил животот како последица на повреди здобиени на натпревар, кој го судел на стадионот „Толука“ во Сан Салвадор.

За време на натпреварот судијата прво бил физички нападнат од фудбалери од домашната екипа по што на теренот влегле и навивачи.

Амаја починал во возилото за брза помош.

Салвадор е познат како земја со најмногу убиства во светот.