НАСА и ЕСА споделија фотографија од „Хабл“ од маглината Тарантула


Вселенскиот телескоп „Хабл“ сè уште функционира, иако поминаа повеќе од 30 години од неговото лансирање во вселената. Сè уште ја набљудува вселената и испраќа неверојатни фотографии на Земјата.

Американската вселенска агенција НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА споделија фотографија од маглината Тарантула, направена од „Хабл“ во Големиот Магеланов Облак.

Маглината Тарантула е „најголемиот и најпродуктивниот регион за формирање ѕвезди во локалниот универзум“, со ѕвезди околу 200 пати помасивни од Сонцето во неговиот центар, тврди НАСА. Сликите на „Хабл“ овозможуваат поглед на рабовите на маглината, откривајќи слоеви на повеќебоен гас и ѕвезди. Маглината Тарантула се наоѓа во Големиот Магеланов Облак, блиската џуџеста галаксија.

И додека конечниот резултат што го гледаме содржи брилијантни бои, сликите на „Хабл“ всушност пристигнуваат на Земјата во сиви нијанси. Сепак, научниците можат да создадат композитна фотографија во боја со користење на филтри во различни бои на телескоп, доделување боја на секој филтер што одговара на брановата должина на тој филтер, а потоа комбинирање на фотографиите.

На новата фотографија од маглината Тарантула не само што се гелда видливата светлина, туку и ултравиолетовата и инфрацрвената светлина. Во овој случај, боите се доделуваат на оние бранови должини што инаку не можеме да ги видиме.