Најубавата арапска торта: кремаста и сочна (Видео)

Арапскиот колач е идеален кремаст десерт за топлите денови. Не мора да поминувате часови покрај шпоретот правејќи филови, само треба да одвоите десет минути и да ги измешате сите состојки! Овој уникатен десерт е докажано дека му успева на секого, а вкусот е неопислив.
Состојки:
250 грама бисквити
3 лажици путер
малку цимет
180 ml кондензирано млеко
180 грама крем сирење
едно цело јајце
арома на ванила
4 урми и ореви
60 грама сечкани бадеми
прелив со карамела по желба
Како се прави?
Доколку не е мелен бисквит добро сомелете го и измешајте го со претходно стопен путер. Калапот обложете го со хартија за печење и добиената смеса префрлете ја во неа рамномерно.
Во еден сад измешајте го кондензираното млеко со јајцето, крем сирењето и аромата на ванилата, па убаво изматете. Истурете ја врз кората од бисквити. Посипете со сечкани урми и ореви, а потоа со листови или ситно сечкан бадем.
Се пече околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени. По желба можете да наросите прелив со карамела.