Најстариот израелски весник објави фото од убиените палестински деца
На насловната страница на дневниот весник „Харец“, најстар во Израел, беа објавени фотографии од 67 палестински деца и тинејџери кои ги загубија своите животи во неодамнешните конфликти во Газа.
„Ова е цената на војната“, се вели на насловната страница, заедно со фото од жртвите. Борците за човекови права му аплаудираа на весникот за овој гест.
Вкупно 254 Палестинци загинаа во израелскиот бомбардирање, според Министерството за здравство во Газа, а една четвртина од загинатите се деца.
Во Израел, во последниот конфликт беа убиени 13 лица, меѓу кои петгодишно дете и 16-годишно дете.