Најпреведуван шпански автор: Маркес го надмина Сервантес


Нова студија покажува дека Габриел Гарсија Маркес го „претрка“ Мигел де Сервантес за најпреведуваниот шпански автор на овој век, пренесува „Гардијан“.

Сепак, Сервантес и понатаму останува најпреведуваниот шпански автор во последните осум века.

Наодите за ваквата промена доаѓаат откако Институтот Сервантес, кој работи на промоција на шпанскиот јазик и култура, започна да обравотува податоци за да ја оформи својата Светска мапа на преводи.

За да се оформи поголемата слика кои шпански автори се најпреведувани на 10 различки јазици – арапски, кинески, англиски, француски, италијански, јапонски, португалски, руски и шведски – Институтот се повикал на датабазата на Центарот за онлајн компјутерска библиотека „Ворлдкет“, која содржи 554,858,648 библиотечни податоци на 483 јазици. 

Употребувајќи ги податоците од датабазата, Институтот создаде пребарувачка мапа на шпански книжевни дела од 1950 до сега. Почетната година е избрана намерно за да се земе предвид „бумот“ кога латино-американските автори, вклучувајќи го и Маркес, Марио Варгас Љоса, Карлос Фуентес и Хулио Кортазар, ги пробија националните граници помеѓу 1960 и 1970 година.

Ракел Калеја, директорка на секторот за култура при Институтот „Сервантес“, изјавила дека мапата ќе биде дополнително зголемена во иднината за да земе предвид што е можно повеќе јазици.

„Идејата беше да се дестилираат податоците и тие да станат достапни за пребарување од страна на јавноста. Сакавме да им помогнеме на истражувачите и на генералната јавност за анализирање и визуелизавија на големи количини податоци. Преку мапата ќе дознаеме што луѓето читаат, што читале“, додала таа.

Калеја истакнала дека мапата ќе му помогне на Институтот и при создавање на полиси за подобра инклузија на шпанските автори во светот, преку преводи и на незастапените јазици.

10 најпреведени автори на десетте јазици од 2000 до 2021 година се Маркес, Изабел Аљенде, Борхес, Марио Варгас Љоса, Сервантес, Зафон, Реверте, Сепулведа, Болањо и Хавиер Мариас.

Сепак, според резултатите од 1950 па до денес, најпреведуваните автори се наброени по следниов редослед: на прво место е Сервантес, на второто Маркес, а потоа следуваат Аљенде, Борхес, Љоса, Лорка, Неруда, Фуентес, Перез-Реверте и Зафон.