Најмалото новороденче оди дома по една година во болница


 

Квек Ју Сан била тешка само 212 грама – колку едно јаболко, кога се родила лани во Сингапур.

Бебето за кое се верува дека е најмало новороденче на светот пуштено е од болницата во Сингапур по 13 месеци интензивно лекување.

Квек Ју Сан по раѓањето имала само 212 грама, колку што тежи едно јаболко, и била долга 24 сантиметри.

На свет дојде во 25 недела, што е далеку помалку од просечните 40.

Претходниот рекорд го држеше девојче од САД со 245 грама при раѓањето во 2018 година според Регистерот на ситни бебиња на Универзитетот во Ајова.

Лекарите ја породиле мајката на бебето Ју Сун со итен царски рез, четири месеци пред терминот, бидејќи ѝ била дијагностицирана прееклампсија. Тоа е опасен висок крвен притисок, кој може да ги оштети виталните органи и да биде смртоносен за мајката, но и за бебето.

Ју Сан сега тежи 6,3 килограми.

Бебето имало „намалени шанси за преживување“, велат од Националната унивезритетска болница во Сингапур каде е родена.

„Покрај сѐ, со здравствени компликации по раѓањето, ги инспирира луѓето околу себе со сопствената упорност и раст, што ја прави и исклучително ковид-бебе, зрак на надеж во оваа гунгула“, се наведува во соопштението од болницата.

Во болницата, Ју Са е лекувана на повеќе начини, а користени се различни машини за да преживее.

Докторите велат дека бебето добро напредува и дека сега е доволно добро за да си оди дома.

Сѐ уште има хронична болест на белите дробови, поради што и дома ќе ѝ треба помош при дишење. Сепак, очекуваат со време, да биде подобро.

Нејзината мајка Вонг Меи Линг за локалните медимуми, вели дека раѓањето и големината на Ју Сан ја шокирале, со оглед на тоа што нејзиниот четиригодишен син е роден во терминот.

Родителите на Ју Сан успеале да ги платат болничките трошоци преку кампања за собирање пари во износ од околу 230.000 евра.