Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта
Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми.
Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време.
Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци
Fireworks site massive explosion in Malta. Luckily no casualties. pic.twitter.com/FX48M1D295
— RaymondTaboneHokay (@TaboneRaymond) June 1, 2026
Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема оддалеченост. Двајцата повредени, жители на заливот Сент Полс Беј, во моментот на експлозијата биле во близина на фабриката.
Полицијата соопшти дека во моментот на експлозијата во објектот немало ниту еден од вработените во фабриката.
На терен се распоредени полициски и екипи на службите за цивилна заштита и итна медицинска помош, како и припадници на вооружените сили, кои го обезбедуваат местото. Упатен е повик до граѓаните да не се приближуваат до зоната.