Најголем број починати во Русија од почетокот на пандемијата -752
Ширењето на пандемијата во Русија е незапирливо – во последните 24 часа починаа 752 лица, најголем дневен биланс од избувнувањето на корона кризата, објави ТАСС. Денеска се регистрирани 25.082 случаи. Причината за ваквиот број на зголмени случи и голем број починати е Делта варијантата.
Според официјалните податоци, вкупниот број на случаи заклучно со 10 јули е 5,75 милиони, што ја прави Русија петта земја најпогодена од инфекцијата, според табелатана АФП.
Во моментов, 18,9 милиони Руси се целосно вакцинирани од вкупното население на земјата од 146 милиони.
Во Москва, епицентарот на инфекцијата, вакцинирани се само 1,8 милиони луѓе од вкупно 12 милиони жители, и покрај фактот дека вакцините се слободно достапни од декември.
Ново истражување покажува дека 54 проценти од Русите воопшто не планираат да се вакцинираат.