Најбрза трка во историјата на 100 метри за жени. Елејн Томпсон-Хера како куршум го освои златото


Елејн Томпсон-Хера ја прославува победата во Токио (Фото: Ројтерс)

Додека најголемата женска трка на 100 метри стигнуваше кон целта, Елејн Томпсон-Хера протатни покрај нејзиниот најголем ривал, а потоа ја крена левата рака во поздрав за победа. Имаше навестувања за сликата на Бен Џонсон во Сеул, но потоа часовникот го покажа победничкото време, 10,61 секунда, и друго име од Олимпијадата во 1988 година дојде на ум: Флоренс Грифит Џојнер.

Неверојатно, Томпсон-Хера по 33 години, го собори олимпискиот рекорд на Американката, но не и светскиот рекорд на Грифит Џојнер од 10,49.

„Можев да одам побрзо аконе славев прерано“, рече Јамајчанката. „Но, тоа покажува дека има уште многу во мене, па се надевам дека еден ден ќе можам да го совладам тоа време.

„Зад овие 10,6 имаше многу нерви и реков: ‘Можеш да го направиш ова, веќе беше тука, само трчај’. Имам уште години. Имам само 29 години; немам 30 години, немам 40 години. Уште работам“.

Зад неа беше одличната Шели-Ен Фрејзер-Прајс, шампионка во 2008 и 2012 година, со 10,74 и Шерика Чексон, чие време од 10,76 беше најбрзо за третото место на 100 метри за жени.

Тоа значеше дека уште еднаш Јамајчанките ги зазедоа првите три места на подиумот, исто како и во Пекинг во 2008 година.

„Секако дека сте разочарани“, рече Фрејзер-Прајс. „Целта на спортистот е секогаш да победува, но тоа не се случи вечерва. Но, јас сум уште многу благодарна што стигнав до финалето и што можев да застанам на подиумот на моите четврти Олимписки игри. Ставајќи го во перспектива, јас сум навистина возбудена што женскиот спринт оди на друго ниво и тоа е навистина извонредно. Тоа зборува за длабочината што ја имаме во однос на жените “.

Начинот на кој Томпсон-Хера стигна до победата, бранејќи ја титулата од Рио, беше највпечатливо.

Како и обично, Фрејзер-Прајс ја активираше контролираната експлозија од блоковите и забрза за да преземе значајно водство. Но, нејзиниот голем ривал секогаш беше близу и на 70 метри беше јасно. Тоа беше неверојатен момент во трка која го одзема здивот.

Шест жени поминаа под 11 секунди во финалето.

На друго место, во втората ноќ на патеката, Полска победи во мешаната штафета за 3 минути 09,87 секунди, олимписки рекорд, а Доминиканската Република беше втора, американската трета. Единствено штета беше што на Олимпискиот стадион немаше 68.000 навивачи. Но, барем во оваа прилика, како и многу други, Томпсон-Хера создаде своја бучава.