На психијатрија во Германија убил двајца, ранил негувателка

Пациент на возраст од 21 година во психијатриска установа во Линебург, во ДОлна Саска, ноќта од четврток на петок убил двајца пациетни и тешко ранил негувателка, пишува магазинот Феникс.
Според полициското соопштение, 21-годишното момче задавил 54-годишен пациент и уште еден 56-годишен пациент, кому му задал тешки повреди, па тој подоцна починал во болница. Тешко е повредена и 61-годишна негувателка.
Младиот пациенти повредил уште една негувателка и полицаец.
Тој фрлал предмети на полицајците и вработените во установата. Најпосле е совладан и се наоѓа во полициски притвор. Истрагата е во тек.