Вчера вакцина примиле 9.393 граѓани, досега вакцинирани 434.450 лица
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се 434.450 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Прва доза вакцина вчера примиле 5.626 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.393 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 686.788 дози вакцини, а ревакцинирани се 252.338 граѓани.
Со последните бројки 57 отсто од населението над 70 години имаат примено една доза вакцина, 54 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со една доза вакцина и 49 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина.
Голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица коисакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, информираат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.
Теренската вакцинација продолжува и утре во над сто населени места. Вакцинацијата, како што соопшти попладнево Министерството за здравство, ќе се одвива во следниве населени места:
Делчево – Тодоровци
Тетово – Порој, Џепчиште, Ѓермо, Теарце, Пршовце, Глоѓи, Слатина, Лешок, Непроштено
Гостивар – Добридол, Неготино, Топлице
Штип – Карбинци, Радање, Оџалија
Долнени – Дебреште, Лажани
Прилеп – Мариово / Витолиште, Бешиште, Вепрчани, Врпско Дуње, Живово, Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Полчиште, Пештани, Чаниште, Чумово, Штавица, Бонче, Гуѓаково
Свети Николе – Пеширово, Амзибегово
Кратово – Мушково
Виница – Липец, Блатец
Демир Хисар – Сопотница, Жван
Валандово – Казандол, Грчиште
Струга – Ливада
Ростуше – Скудриње
Дебар – Центар Жупа
Струмица – Рич
Пробиштип – Древено
Валандово – Казандол и Грчиште
Кочани – Соколарци
Кичево – Шутово, Премка, Лазоровци
Кавадарци – Возарци, Дреново
Берово – Смојмирово
Битола – Породин, Велушина, Острец, Лажец, Граешница, Кишава, Драгош
Охрид – Ново Село, Песочан, Црвена Вода, Издеглавје, Слатински Чифлик, Слатино
Македонски Брод – Косово, Требовље
Велес – Ораовец
Крива Паланка – Огут, Нерав
Куманово – Градиште, Кучкрево, Габреш, Пезово, Кшање, Кокошиње, Колитцко, Орашац, Доброшане, Шупли Камен, Пчиња, Ст.Бара, Вакв, Винце, Длга, Проевце,Томеѓа
Штип – Карбинци, Радање, Оџајлија
Скопје – Зелениково, Таор, Пакошево, Смесница, Страхојадица, Студеничани
Од Министерството за здравство најавија дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19.