МПЦ се замеша во преговорите со Бугарија, бара реципроцитет
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија апелира до надлежните државни фактори, во преговарачкиот процес со Република Бугарија да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет.
-Светиот архијерејски синод (САС), на Македонската Православна Црква – Охридска Архиеископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, разгледа повеќе прашања од црковниот живот, при што посвети посебно внимание на актуелните прашања што се однесуваат на преговарачкиот процес со Република Бугарија. САС на МПЦ – ОА апелира до надлежните државни фактори, да се придржуваат на веќе едногласно донесената Резолуција во Собранието, и да не се отстапува од темелниот национален интерес и идентитет. Во тој процес сите позиции да се водат исклучиво на реципроцитетна основа, се наведува во соопштението од САС на МПЦ – ОА.
Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА упатуваат и апел до верниците да продолжат да ги почитуваат здравствените мерки за време на претстојните празници.