Москва: Полицијата уапси осум почитувачи на опозиционерот Немцов

Московската полиција уапси осуммина почитувачи на опозиционерот и критичар на Кремљ, Норис Немцов.
Тие се обидоа да положат цвеќе на местото на кое е убиен на 27 февруари 2015 година, на мостот во центарот на Москва.
По убиството на Немцов, активистите на опозицијата почнаа да чуваат импровизирано обележје на мостот затоа што градските власти го одбија барањето да се постави плоча во знак на сеќавање на него.