Мјанмар: Убиени 33 демонстранти, најмногу од воениот преврат досега

Најмалку 33 демонстранти се убиени денеска од страна на безбедносните сили на Мјанмар, што е најголем број жртви од почетокот на протестите поради воениот преврат извршен на 1 февруари.
Податоците за жртвите се преземени од локалните медиуми и врз основа на информациите на социјалните мрежи, а за повеќето од загинатите се наведуваат лични податоци – име, презиме, година на раѓање, место на престој и време и место на убиството.
#WhatsHappeningInMyanmar#Mar3Coup @TostevinM @MilkTeaMM_MTAM @mrattkthu @WhiteHouse @AllianceMilkTea @JoeBiden @YourAnonCentral https://t.co/iyJ3MHooeE
— Mya Phoo #weneedjustice (@calledangella) March 3, 2021
Според податоците од независни извори, кои барале да останат анонимни поради страв од репресии, само во Јангон денеска се убиени 18 демонстранти.
Очевидци тврдат дека безбедносните сили отворале оган речиси без предупредување во неколку градови, а хунтата делува поодлучна од кога било за спречување на протестите.