Митревски вели дека пратеници од новото мнозинство биле злоупотребени


Јован Митревски, координаторот на пратеничката група на СДСМ вели дека дел од вчера потпишаните пратеници се злоупотребени. Објаснува дека е во контакт со пратениците и дека даваат поддршка на прогресивните политики. Додава дека тие најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО-ДПМНЕ како што вели ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста.

„Добивам информации дека дел од вчера потпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на Владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел“, кажа Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ, пренесува ТВ24.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа објави дека има ново мнозинство.