Министрите ќе се запознаат со бројката на кривични предмети од областа на корупцијата за 2019 година


Фото: Б. Грданоски
Статистичките податоци за кривични предмети од областа на корупцијата за 2019 година, денеска ќе бидат разгледани на седница на Владата на Република Северена Македонија. Информацијата е на предлог на Министерството за правда.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад како и измените и дополнувањата на Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.
На дневен ред е и Предлог-уредба за распоредување на одредени стоки во Комбинираната номенклатура согласно со регулативите на Европската комисија, предложена од Министерството за финансии, како и Предлог-уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основното образование по општини за 2021 година.