Милошоски тврди: Нема датум за преговори во декември


Земјава во декември нема да добие датум за преговори со ЕУ, ниту во првата половина на следната година, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски откако на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност во Вашингтон, разговарал со европски делегати.

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јануари-јули 2022 година. Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но се уште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, напиша Милошоски на Фејсбук.