Милошоски бара Заев да обезбеди „мирна транзиција на власта“


Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ порача денес дека времето на Зоран Заев помина и дека  во текот на утрешниот ден во Собранието на Владата ќе и биде изгласана недоверба.

-Му порачуваме на Заев, премиерот во заминување, и на неговите најблиски соработници Филипче и Оливер Спасовски да се спремат за мирна транзиција на власта, за испорачувањето на недоверба на владата и за формирањето на ново собраниско мнозинство и нова влада која што ќе нуди решенија за проблемите кои што ги создадоа тие. Доаѓа време за одговорност за сите нивни злоупотреби, доаѓа време за нов почеток, за поспособни луѓе, за нова влада и за ново парламентарно мнозинство, порача Милошоски.