Милијардерот Јури Милнер се одрече од руското државјанство
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/10/juri.jpg)
Израелско-рускиот милијардер Јури Милнер рече дека се одрекол од руското државјанство откако ја напуштил земјата в 2014 година, пишува Хина.
Милнер е основач на интернет-инвестициската компанија „ДСТ Глобал“
и богатството го стекна потпирајќи се на кинески технолошки компании како „Алибаба“ и JD.com.
„Моето семејство и јас Русија засекогаш ја напуштивме во 2014 година, по руската анексија на Крим“, напиша во својот Твит.„Ова лето официјално го завршивме процесот на одрекување од руското државјанство“, објасни тој.
Милнер е израелски државјанин од 1999 година, а Русија не ја посетил од 2014 гоина, според податоците на интернет страницата на DST Global.
Тој, исто така, во Русија поседува имот, 97 отсто од неговото богатство стекнато е надвор од земјата. На страницата пишува дека „Јури никогаш не се состанал со Владимир Путин, ни индивидуално, ни во група“.