Милевски: Дојде време повеќе да се слуша гласот на ЛДП


Горан Милевски, лидерот на ЛДП, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека Зоран Заев откако објави дека ќе поднесе оставка на позицијата премиер, ќе побара мислење од коалиционите партнери за новото име што треба да ја предводи Владата.

„Оставен е простор дека името е отворена тема, рече дека ќе го слушне мислењето на коалициопните партнери оваа недела. Нас не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика“, оцени Милески. 

Тој сака да се трансформира СДСМ, сака да се трансформира и Владата. Имаме уште 2,5 години. Ако ова парлемантрано мнозинство има искрени намери да ги промениме работите, тогаш граѓаните тоа ќе го видат, но ако продолжиме на овој начин, дури и порано ќе има промена на Владата“, рече министерот за животна средина.

Според него, некој кога ќе сака да земе се, може на крајот да остане ништо и тоа е пораката која што граѓаните ја испорачаа на овие избори. Милевски појасни дека и покрај големите притисоци за да не победи кандидатот на ЛДП во Шуто Оризари, сепак ЛДП победи.

– Направија повеќе грешки од власта и поради тоа се овие резултати кои што ги добија на овие избори, рече Милевски.

Милевски посочи дека дојде време кога треба повеќе гласот да се слуша на ЛДП. Од Владата ЛДП беше доведувана пред свршен чин за некои работи, кои што ги дознаваа од новинарите еден ден или неколку часа претходно. Но на тоа веќе е завршена работа.

– Даваме последна шанса, како да ја наречам да се поправи Владата. Влада ќе има нова сега бидејќи премиерот си даде оставка. А, тоа значи дека Владата е во оставка. Значи не може да си замине премиерот, а министрите да си останат, заклучи Милевски.