Мигранти киднапирале Словенец, па со неговиот автомобил пребегале во Италија


Мигранти киднапирале постар човек во Словенија, од едно село, му го украле автомобилот и пребегале во Италија.

Полицијата го истражува случајот, но велат и дека во соработка со италијанските колеги уапсени се мигрантите.

Група од четворица мигранти го киднапирале 79-годишниот маж кој го прскал лозјето, го врзале и го ставиле во гепекот од неговиот авотомобил, а потоа го истовариле во некоја шума пред границата со Италија, на другиот крај од државата.

Ќерката на киднапираниот за локалните медиуми вели дека татко ѝ, кога со него разговарал пред киднапирањето рекол дека има гости, кои му се претставиле како археолози, кои сакаат да го прегледаат лозјето и да видат дали има некои археолошки наоѓалишта. Подоцна го видела автомобилот на таткото како поминува низ селото, но тој не се вратил.

„Со оглед на тоа дека подоцна го баравме на лозјето и не го најдовме, не можевме да стапиме во контакт со него, се вознемиривме“, вели таа.

Човекот се јавил на семејтвото во 18 часот и раскажал дека бил киднапиран и дека од автомобилот го исфрлиле вонекоја шума во близина на границата со Италија, па дошол до една куќа од каде им се јавил.

Како што јавува порталот Siol.net, кој прв ја објави информацијата за инцидентот, контролата на тој дел од словенечко-хрватската граница, на која во последните седум дена е зголемен приливот на мигранти, од синоќа е зајакната, а учествува и војската.