Мицкоски негира дека доживеал неуспех во обидот да ја урне владата


Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оцени дека „киднапирањето“ на пратеник на денот на гласање доверба на Владата не може и не смее да се припишува како негов неуспех и на партијата, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со сите опозициски политички партии кои што се против режимот, го делегитимирале Зоран Заев и го спремиле за политичка пензија.
 
– ВМРО-ДПМНЕ освои над 42 општини во државата, вклучувајќи го и Град Скопје, што е неспорен успех, изјави Мицкоски, додавајќи дека киднапирањето пратеник говори  за заканите и уцените кои што секојдневно се пласираат од страна на власта до најразлични видови политичари, па дури и по обичните граѓани.
-Република Македонија не смее да биде ниту Колумбија, ниту Боливија, туку треба да се почитуваат правилата, законите и волјата на народот. Ниту една уцена, ниту една закана, нема да го сменат мислењето на граѓаните кое што го кажаа громогласно во двата круга на локалните избори. Победата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и кристално чиста, а проблемот со формирање ново парламентарно мнозинство само кажува за тоа на што се е спремен Зоран Заев, само да ја спаси сопствената кожа, заврши Мицкоски.

Тој вели дека ќе се бори и понатаму на демократски начини да ја развласти  власта на Заев, затоа што во земјава мора да се променат работите и да се врати надежта кај луѓето.

Тој вели дека ќе се бори и понатаму на демократски начини да ја развласти  власта на Заев, затоа што во земјава мора да се променат работите и да се врати надежта кај луѓето.