Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ и нема алтернатива


Народот со право е  разочаран и има чувство дека премногу жртвуваше за нешто што не го доби. Тука би нагласил дека силно влијание има и несериозниот однос на македонската влада која тргуваше со најсветите нешта за македонскиот народ, идентитетските прашања кои се наше обележје, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски во интервју за дневниот весник „Политика“.

Мицкоски додаде дека неколку години потоа Македонија е на патот кон ЕУ на истото ниво како и пред тие договори.

„Мене ми е јасно зошто македонските власти тоа го направија, поради ситни лични привилегии и функции, додека вистинската цена ја плаќа народот. Иднината на Македонија е во Европската Унија и тој пат нема алтернатива, но воедно таа цел е можна доколку имаме влада која се бори за принципи, за вредности, против криминалот и корупцијата, која прави реформи и има отворени односи на взаемно почитување кон сите соседи“, истакна Мицкоски.