Меси се враќа на теренот по прележаниот корона вирус


Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, се враќа во составот на актуелниот лидер во француското првенство за вечерашниот првенствен натпревар против Ремс, откако Аргентинецот целосно закрепна по прележаниот корона вирус.

– Цела недела Меси одлично работеше. Сите сме среќни поради тоа и среќни сме бидејќи повторно ќе го имаме во составот, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.

Меси се зарази со вирусот во родната Аргентина, каде ги мина новогодишните празници, а францускиот клуб не брзаше со неговото враќање на теренот.

– Да, Меси ќе биде во составот за дуелот против Ремс, а можам да потврдам и дека повредата на Мбапе не е сериозна, и тој ќе биде во конкуренција за настап, најави Покетино.