Меркел се отвори за руската и кинеската вакцина: Погледнете ја само Србија!
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е склона да ја користи руската вакцина против Ковид-19 во Европа по позитивните научни резултати за нејзината ефикасност.
„Сите вакцини одобрени од ЕМА (Европската агенција за лекови) ќе бидат добредојдени, токму за тоа разговарав со рускиот претседател Владимир Путин“, изјави канцеларката за државната телевизија АРД, поздравувајќи ги „добрите научни податоци објавени денеска за руската вакцина „спутник В“.
Вакцината „спутник В“, за која Русија е обвинета дека не е доволно транспарентна, е ефикасна 91,6 проценти против симптоматските форми на Ковид-19, според резултатите објавени во медицинското списание „Лансет“ и потврдени од независни експерти.
Тоа значи дека „дополнителна вакцина може да се вклучи во борбата за намалување на инциденцата на Ковид-19“, инсистираат научниците.
Германската канцеларка исто така ја отвори вратата за кинеската вакцина и истакна дека земја како „Србија се вакцинира побрзо“ од остатокот од Европа со „кинеската вакцина“.
Владата на Ангела Меркел е на удар на критики поради бавноста на кампањата за вакцинација наспроти земјите како Велика Британија или САД.
Фрустрацијата на населението расте поради бавното вакцинирање и поради ограниченото движење, пишува Франс прес.
Соочена со нетрпеливоста на јавноста, канцеларката вети на АРД каналот дека „нема да чека целото население да бде вакцинирано за да одобри ублажување на мерките. „Тоа не е патот по кој сакаме да одиме“, рече Меркел.
Ги повика Германците да „издржат уште некое време“ и предупреди на опасноста од различните соеви на Ковид-19.
„Нермите се напнати, пред нас е долг пат, а нјтешко е во зима“, рече и додаде дека Германија, која има околу 83 милиони луше, ќе вакцинира 10 милиони до крајот на првиот квартал.