Меркел: Од 10.000 до 40.000 локален персонал во Авганистан имаат право да бидат евакуирани во Германија


Германија– Германија проценува дека се уште има меѓу 10.000 и 40.000 локален персонал кои работат за развојни организации во Авганистан и кои имаат право да бидат евакуирани во Германија, доколку мислат дека се загрозени, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа на заедничката прес -конференција со австрискиот колега Себастијан Курц рече дека повеќето од оние што работат за германските вооружени сили и полиција веќе се надвор од Авганистан, но дека многу вработени од таа област останале во земјата, бидејќи помошта за развој на Авганистан не била запрена.

 

– За нас во моментов, фокусот е на локалниот персонал, а тоа не се 300 луѓе, тоа се веројатно повеќе од 10.000 – 40.000 луѓе, рече Меркел.

Според неа, треба да се види колку од нив сакаат да ја напуштат земјата, а колку не.

– Како што видовме, никој не одлучува лесно да го напушти својот дом, додаде таа.