Меркел ќе ја прими вакцината на АстраЗенека


Германија– Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја прими вакцината на АстраЗенека против коронавирусот.

Според германскиот дневен весник „Велт“, политичарката од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе биде имунизирана со вакцината на АстраЗенека, со цел да се зголеми довербата во вакцината на Оксфорд низ цела Европска унија.

Канцеларката Меркел има над 60 години и со тоа спаѓа во групата на оние кои ги исполнуваат условите за имунизација со таа вакцина во Германија.