Менаџерите си се осигурале, Поштата нека пропадне


Луѓето мора да стојат на растојание од најмалку еден метар додека чекаат во ред, како овие на фотографијата пред една пошта во Рим (Фото: АФП)

Во услови кога Македонската пошта  тоне во загуби тешки повеќе од 10 милиони евра, се трошат пари на договори за менаџерско осигурување, утврдиле од Државниот завод за ревизија. Во објавениот иџзвештај за Поштата тие откриваат дека од 2012 година па до 2018 година, ова јавно претпријатие наталожило 594 милиони денари загуба, или околу 10 милиони евра, а само во 2018 година загубата изнесувала 166 милиони денари.И покрај ваквата состојба била донесена одлука за склучување договори за менаџерско осигурување, со што практично се наградени тие што ја довеле во ваква лоша финансиска состојба.

„Износот на искажаната загуба укажува на фактот дека финансиската сосотојба на друштвото е значитено влошена, па поради тоа произлегува дека и трошоците од склучување на менаџерско осигурување во такви услови не би биле целисходни. Но, и покрај тоа, надзорниот одбор одобрил склучување договори и полиси за осигурување за периодор од 1.4.2018 до 1.4.2019 година. Од страна на осигурителната компанија по овој основ е доставена фактура од 2,7 милиони денари, која е платена“, пишува во извештајот.

Ревизорите укажуваат исто така дека во услови да не се случат договорените случаи на осигурани настани, платениот износ на премијата за осигурување се исплатува на сметка на осигурениците наместо на сметка на Поштата која ја платила премијата за осигурување.