Меланија Трамп ја започна 2025 во секси издание


Мајами- Првата дама на САД во чекање, Меланија Трамп го сврте вниманието на новогодишната забава во клубот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. Таа на прославата се појави заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трам во елегантен црн фустан со длабоко деколте и длабок шлиц на едната нога.

Фустанот го искомбинирала со црни шпицасти салонки.Ја носеше косата пуштена во меки бранови. Очите ги истакнала со црна сенка за очи и вештачки трепки за продорен, мачкин изглед, по кој е препознатлива.

Овој асиметричен и драпиран фустан е од Версаче. Има скриен патент и е направен од етичка вискоза и свила. Посебно внимание привлекува токата на рамото со препознатливиот лик на Медуза. Фустанот се уште е достапен за купување по цена од 2990 евра.