Меган Маркл се врати на Инстаграм
Меган Маркл, војвотката од Сасекс, се врати на социјалната мрежа Инстаграм. Таа отвори свој профил на Нова година објавувајќи безгрижно видео снимено на плажа во близина на нејзиниот дом во Калифорнија.
На видеото, направено од нејзиниот сопруг, принцот Хари, 43-годишната Маркл го сврте грбот кон камерата додека боса трчаше по песокот кон брановите.
На крајот од видеото таа застана и се наведна да го нацрта бројот „2025“ во песокот. Таа го направи тоа во облечена во лежерна бела кошула и панталони.
Меган ја оневозможи можноста за коментирање на објавата. Но, Серена Вилијамс, Криси Тајген, Тан Франс и други познати личности и ја „лајкнаа“ објавата.
Дека Меган Маркл планира да отвори свој профил на Инстаграм беше откриено во август 2023 година од страна на американскиот портал „Пејџ сикс“ откако дозна дека го обезбедила името на Инстаграм @meghan.
За краток временски период од неговото лансирање, нејзиниот профил доби повеќе од 100.000 следбеници.
Меган не е активна на социјалните мрежи од ноември 2017 година, кога се сврши со принцот Хари. Парот се венчаше во мај следната година, а во 2020 година го напуштија кралското семејство и го најдоа својот постојан дом во САД.