Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот
Едно од највлијателните и најпрестижни медицински списанија „Лансет“ го повлече истражувањето за лекот хидроксихлорокин, што беше објавен на 22 мај.
“Тројцата автори вчера ја повлекоа својата студија. Тие не се во можност да направат независна ревизија на податоците врз кои се темели нивната анализа. Како резултат на тоа, тие заклучија дека веќе не можат да гарантираат за вистинитоста на примарните извори на информации”, наведува списанието.
Четвртиот автор на студијата не сакаше да коментира за нејзиното повлекување, пренесуваат британските медиуми.
Истражувањето извршено врз речиси 100.000 пациенти со корона вирус покажа дека хидроксихлорокин и хлорокин не само што не дале добри резултати во третманот, туку може да ја зголемат веројатноста за смрт во болниците.
Според истражувањето, смртноста кај пациенти кои земале хидроксихлороин е 18 проценти, кај оние кои земале хлорохин 16,4 проценти, а кај контролната група на кои не им била дадена лекот девет проценти Кај оние на кои им било дадено антибиотици покрај хидроксихлорокин и хлорохин, смртноста била уште поголема.