Мажите го изгласаа омилениот женски парфем во 2024
Секоја година популарната платформа Fragrantica, која ги собира љубителите на парфеми од целиот свет, одржува гласање за најдобри парфеми во различни категории. Во категоријата најдобар женски парфем, според мажите за 2024 година, победник е Libre Intense од Ив Сен Лоран.
Libre Intense е ориентален парфем за жени кој беше лансиран во 2020 година и брзо стекна огромна популарност и заради заштитното лице поп-ѕвездата Дуа Липа. Поради комбинацијата на свежи и цветни ноти, овој парфем стана вистински хит. Комбинира елементи на лаванда, агруми и богати цветни акорди.
Горните ноти на Libre Intense вклучуваат лаванда, мандарина и бергамот, создавајќи свеж, но заводлив почеток. Средните ноти на парфемот се лаванда, цвет од портокал, арапски јасмин и орхидеја, кои му даваат нежна, но опојна цветна арома. Конечно, основните ноти на ванила од Мадагаскар, зрно тонка, килибар и ветивер го прават мирисот топол, долготраен и многу заводлив.
Иако Libre Intense го зазеде првото место, Black Opium Yves Saint Laurent и Coco Mademoiselle Chanel се исто така меѓу фаворитите. Целосната листа е подолу.
- Libre Intense Yves Saint Laurent
- Delina, Parfums de Marly
- Angels’ Share By Kilian
- Hypnotic Poison Dior
- Black Opium Yves Saint Laurent
- Libre Le Parfum Yves Saint Laurent
- Coco Mademoiselle Chanel
- L’Interdit Eau de Parfum Rouge Givenchy
- Good Girl Carolina Herrera
- Portrait of a Lady Frederic Malle